13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Воз со километри влечел жена, раката и се заглавила во вратата

Воз неколку километри влечеше жена во Баварија, која ја преживеа страшната несреќа. 39-годишната жена е тешко повредена, а полицијата ги истражува околностите на настанот од кој биле изненадени и криминалистите.

39-годишна жена од Германија се симнала од регионалниот воз во понеделникот вечерта меѓу Донауверт (Баварија) и Ален (Баден-Виртемберг) на станицата низ вратата свртена кон спротивната страна на перонот.

Кога ја сфатила својата грешка, сакала да се врати во вагонот, но вратата се затворила и возот тргнал. Тогаш нејзината рака се заглавила во вратата, додека таа останала на надворешната страна на возот.

Возот ја влечел несреќната жена неколку километри додека машиновозачот не ја забележал жената како виси на вагонот за време на возењето и иницирал итно запирање на возот, пренесува магазинот „Феникс“.

Жената се здобила со сериозни повреди на стапалата, нозете и горниот дел од телото, соопшти полицијата.

Таа е хоспитализирана но нејзиниот живот не е во животна опасност, соопштуваат тамошните власти.

Не е јасно како вратата на возот можела да се отвори на погрешна страна, а одговорите треба да ги даде кривичната истрага.

Спонзорирано: