Во областа Доњецк, во непосредна близина на градот Бахмут, украинските сили соборија руски борбен авион Су-24. На видеото кое е објавено на социјалните мрежи се гледа експлозијата по падот и исфрлањето на пилотот.
Авионот бил соборен од припадници на 93-та бригада на вооружените сили на Украина. На видеото се гледа дека пилотот се катапултирал непосредно пред да се урне авионот. Според некои извори од теренот, пилотот се заглавил во дрво откако се катапултирал.
Според податоците на независниот тим Орикс, кој се занимава со евидентирање на руските загуби во технологијата, руските сили изгубиле 77 авиони од почетокот на инвазијата на Украина, од кои 70 биле целосно уништени.