15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Србин во Швајцарија украл слики од Пикасо и ги продал на пазар за 150 евра

Државјанин на Србија (37), по потекло од Косово, е осуден во Швајцарија на четири и пол години затвор за грабеж на уметнички дела на Пабло Пикасо, кои ги украл во 2020 година и, како што тврди, ги продал на пазар за 150 евра. Двајца мажи нападнале старец (80), го врзале, ја опустошиле куќата и украле две оригинални слики од Пабло Пикасо. Тие ги продавале на пазар. Украдениот плен е вреден вкупно 75.000 франци.

Еден од разбојниците е уапсен, а неговото однесување на суд предизвика големи реакции во јавноста. „Беа лажни, ги продадов за 150 евра на пазар“, рекол разбојникот на суд. За време на судењето тој беше фатен во чудни изјави, па дури и во еден момент се расплакал.

Како што кажал, ги изгубил сите пари играјќи покер и не му останало ништо. Рекол и дека не сака ништо да му се случи на старецот. Дури се вратил на местото на злосторството – ден по грабежот застанал покрај куќата за да види дали старецот успеал да се ослободи. Затоа и неговиот адвокат побарал условна затворска казна. Сепак, судот изрекол казна затвор од четири и пол години. Покрај тоа, тој морал да ја напушти Швајцарија на десет години.

На Србинот му се судело врз основа на ДНК траги на местото на злосторството. Осомничениот не бил уапсен по грабежот, но полицијата го пронашла во друг грабеж во 2021 година, а потоа се испоставило дека се бара и за други кривични дела, јавуваат швајцарските медиуми.

Спонзорирано: