7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Снежна бура во САД, илјадници домови без струја

Соединетите Американски Држави се уште се справуваат со силно невреме кое носи обилни врнежи во еден дел од земјата, додека жителите во другите делови се соочуваат со снежна бура.

Стотици летови беа откажани вчера бидејќи зимското невреме предизвика намалена видливост поради снежната бура и снегот кој наврна повеќе од два метри во некои делови од земјата.

Во меѓувреме, на запад, Калифорнија се соочува со поплави од дождовите и топењето на снегот што падна во претходните недели.

Речиси 27.000 луѓе добија наредба да се евакуираат поради опасност од поплави и лизгање на земјиштето.

Калифорнијците изморени од зимска бура сега се соочуваат со уште еден моќен атмосферски феномен, објави Националната метеоролошка служба на Твитер.

Некои области на Вермонт и Масачусетс веќе имаат над два метри снег.

Националната метеоролошка служба ги предупредува жителите на Њујорк и Нова Англија.

– Значајните врнежи од снег и периодите на обилни снежни врнежи ќе се комбинираат за да создадат слаба видливост и многу опасни услови за возење – забележуваат тие.

Невремето зафати делови од Нова Англија, Њујорк, Пенсилванија и Њу Џерси, а стотици училишни области беа затворени за тој ден.

Силните ветрови и тежината на снегот на гранките на дрвјата може да урнат далноводи и да предизвикаат прекини во електричната енергија, предупредуваат и од метеоролошките служби.

Повеќе од 250.000 домови и бизниси низ Њујорк и Нова Англија беа во темница од синоќа.

Невремето остави повеќе од 350.000 домови и бизниси низ Калифорнија без струја од вторникот попладне.

Најмногу прекини имаше во западно-централните делови на земјата,пренесуваат американските медиуми.

Спонзорирано: