7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поплави во Турција во уништените области од земјотресот, има загинати

Силниот дожд што зафати делови од Турција предизвика поплави, во кои животот го загуби најмалку едно лице.

Поплави се случија во градовите Шанлиурфа и Адијаман, кој беше уништен од разорните земјотреси на почетокот на февруари.

Според турските медиуми, најмалку три лица се водат како исчезнати во Адијаман, а шест во Шанлиурфа, додека спасувачите и нуркачите трагаат по нив.

„Има извештаи за исчезнати лица, но не можеме да ги потврдиме. Нашите екипи се обидуваат да стигнат таму со брод. Временските услови не се поволни за лет со хеликоптер“, изјави градоначалникот на Шанлиурфа.

На видеата кои кружат на социјалните мрежи може да се види како водата поплави куќи и згради, возила се заробени, додека поројот носи се пред себе.

Медиумите јавуваат дека од вчера врне, додека метеоролозите предупредуваат дека денеска е најтежок ден.

Да потсетиме, Турција беше погодена од разорни земјотреси на 6 февруари, во кои загинаа повеќе од 48.000 луѓе, додека сега земјата се соочува со нова трагедија, пренесе Телеграф.рс.

Спонзорирано: