12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нова драма на небото: руски авион влетал во близина на воздушниот простор на Естонија

Два ловци „Тајфун“ на Велика Британија и Германија пресретнале руски авион во близина на воздушниот простор на Естонија.

Борбените авиони го пресретнале „летечкиот танкер“ Ил-78 Мидас кој летал меѓу Санкт Петербург и Калининград. Споменатиот авион не остварил контакт со контролата на летање во Естонија, пишува BBC News.

Британските и германските воздухопловни сили во моментов вршат планирана заедничка патролна контрола во регионот во рамките на НАТО. Самото пресретнување на рускиот авион било рутинско, но претставува прва заедничка операција од ваков тип за споменатите земји.

Двата авиони биле пренасочени за да го пресретнат авионот Ан-148, кој исто така минувал блиску до воздушниот простор на Естонија.

Инаку, инцидентот се случи во време на зголемени тензии меѓу НАТО и Русија поради руската инвазија на Украина, но нема докази дека инцидентот е поврзан со судирот на руски борбен авион и американски беспилотно летало над Црното Море што се случи истиот ден.

Спонзорирано: