Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Лајчак: Босна и Херцеговина не е пример за функционална држава

Не треба да бараме воени решенија, туку функционални. Босна и Херцеговина не е модел на државна функционалност. Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека Босна и Херцеговина не е модел на функционална држава и оти денеска треба да се бараат поинакви решенија за да се забрза европскиот пат на овој регион.

Според него, одлуката за Република Српска била донесена во Дејтон, каде главната цел била да се запре војната и тоа треба да се почитува.

„Успеавме во тоа, но денес не војуваме. Не треба да бараме воени решенија, туку функционални решенија. Босна и Херцеговина не е модел на државна функционалност. Денес бараме решенија кои ќе го забрза европскиот пат на овој регион“, рече Лајчак во интервју за Радиотелевизија на Србија и додаде дека тоа е главната разлика, па затоа не треба да се бара инспирација од воените модели.

Тој рече дека е горд бидејќи БиХ во неговиот мандат го потпишала Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и додаде дека во БиХ континуирано се разговара за јурисдикцијата.

Лајчак во вторникот ја заврши дводневната посета на Белград, каде разговараше со српскиот претседател Александар Вучиќ и претставниците на опозициските партии во таа земја, а воедно ги заврши подготовките за трилатералната средба во Охрид, која ќе се одржи на 18 март.

„Се залагам дека бараме прифатливо решение за двете страни. Минатото не може да не спречи на нашиот пат кон иднината. Граѓаните на Србија можат да веруваат дека нивната европска иднина не е прашање на децении, тоа е прашање на следните неколку години“, рече Лајчак.

Вучиќ од понеделникот разговараше со Лајчак за европскиот предлог за Косово, формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО) и другите неопходни чекори за нормализирање на односите меѓу Србите и Албанците, соопштија од кабинетот на Вучиќ.

Потоа, Вучиќ рече дека формирањето на ЗСО е предуслов за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и за безбедност и заштита на правата на српскиот народ на Косово.

Лајчак дојде во Белград по минатонеделната посета на Приштина, како дел од подготовките за претстојната средба на лидерите на двете партии под покровителство на ЕУ во Охрид.

Косовскиот премиер Албин Курти рече дека европскиот функционер му понудил 15 модели за Заедница на српски општини што сега ги разгледуваат неговите советници и поединечни министри и од кои ќе земат елементи врз основа на тоа кои малцинствата во Косово ќе бидат третирани на вистински начин.

Приштина ја презеде обврската за формирање на ЗСО во Бриселскиот договор под покровителство на ЕУ во 2013 година, но не ја исполни, инсистирајќи дека ова тело не може да има извршни овластувања и дека не сака Република Српска на територијата на Косово.

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борел, на 18 март во Охрид ќе се сретне со премиерот на Косово, Албин Курти и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тие најпрво треба да остварат одвоени средби, по што ќе следи трилатерална средба, која ќе биде фокусирана на финализирање на анексот за имплементација на европскиот договор за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Лајчак пред средбата во Охрид рече дека верува во европскиот пат, европските решенија и дека тоа е негов начин на постапување, а дали е тоа фер ќе суди историјата.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Приведени крадци во Скопје

На 27.03.2023 во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје се лишени од слобода Н.М.(18) и М.М.(19), двајцата од Скопје. Полициски службеници од Одделението за… Прочитај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски во општина Аеродром во постојано ја докажуваат сопствената неспособност, обвини Баварчиќ

Изјава за медиуми, Драган Баварчиќ, секретар на ОО СДСМ Аеродром Тимчо Муцунски во континуитет продолжува со негрижата за општината, а урбаниот хаос, негрижата за отпадот и уништувањето на зеленилото стануваат… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе