4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Компанијата на Трамп под истрага за плаќања преку „руска врска“

Федералните обвинители во Њујорк почнаа да истражуваат дали Трамп Медиа, компанија основана од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, го прекршила законот со прифаќање две сомнителни плаќања во вкупна вредност од 8 милиони долари од два „нејасни субјекти“, делумно поврзани со Русија.

Првата сомнителна уплата на сметката на ТМТГ во износ од два милиони долари е забележана во декември 2021 година, кога оваа компанија беше на работ на банкрот поради истрагата што го прекина планираното спојување на ТМТГ со компанијата „Дигитал ворлд“.

Втората уплата во износ од шест милиони долари била легната на сметката два месеци подоцна.

Во првиот случај парите пристигнале од „Паксум банка“ во Доминиканската Република, додека втората уплата ја извршил ЕС „Фемили труст“.

Лице по име Анџело Пачеко е наведено како повереник на ЕС „Фемили труст“, а се чини дека е и директор на споменатата Паксум банка.

„Руската врска“ во овој случај е делумниот сопственик на „Паксум банка“ Антон Постолников, кој наводно е поврзан со сојузникот на Путин, Александар Смирнов.

Обвинението против ТМТГ поради планираното спојување со компанијата „Дигитал ворлд“ на тој начин е проширено за да опфати и некои други сомнителни трансакции, пренесува Танјуг.