11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хаос во Неапол – навивачите на Ајнтрахт и Аталанта заедно против полицијата!

И покрај тоа што Наполи официјално забрани присуство на навивачи на Ајнтрахт Франкфурт на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, ултрасите на германскиот клуб, потпомогнати со хулиганите на Аталанта направија хаос во градот, судирајќи се со полицијата.

Наполи има 2:0 предност од првиот меч и се фаворити за пласман во четврт-финалето првпат во својата историја, но реваншот е во сенка на нередите на навивачите. Градските власти во Неапол се обидоа да забранат на сите Германци да бидат на стадионот, но ја загубија жалбата пред локалните судови, кои оценија дека е доволно на стадион да не бидат пуштени само тие кои се родени или имаат жителство во Франкфурт.

Околу 600 германски навивачи се во Неапол, заедно со утлрасите на Аталанта, кои имаат жестоко ривалство со Наполи и снимките покажуваат судири со полицијата и неколку превртени автомобили. Се верува дека навивачите на Аталанта ќе се обидат да ги „прошверцуваат“ Германците на стадионот, бидејќи тие слободно можат да присуствуваат.

Спонзорирано: