11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бразил го потресе аферата „Дијаманти“: Жаир Болсонаро обвинет дека се обидел илегално да внесе накит во земјата

Аферата „Дијаманти“ е веќе две недели на насловните страници во Бразил. Поранешниот претседател Жаир Болсонаро беше обвинет дека се обидел илегално да внесе сет накит во земјата, инаку подарок од саудиската влада, објави францускиот весник „Монд“.

Како што пишува медиумот, комплетот со скапоцени камења е сместен во кожна футрола обложена со темно кадифе. Внатре има чифт обетки, прстен, часовник и ѓердан украсени со десетици приврзоци обложени со дијаманти.

Комплетот бил креација на швајцарскиот златар Шопард и е проценет на речиси три милиони евра.

Спонзорирано: