3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Блинкен во Етиопија најави хуманитарна помош од 331 милион долари

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и етиопскиот премиер Абиј Ахмед денеска разговараа за напорите за одржување на мирот во регионот Тигре.

Блинкен го посети складиштето за логистика на Обединетите нации каде што најави нова хуманитарна помош од 331 милион долари за Етиопија, велејќи дека ќе обезбеди спасувачка поддршка за луѓето раселени и погодени од конфликти, суша и несигурност во храната.

За време на двоиполчасовната средба во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, Блинкен и Абиј разговараа и за важноста од утврдување одговорност за злосторствата извршени од сите страни за време на војната, рече портпаролот Нед Прајс.

Етиопската влада и силите од Тигра, регион на северот на земјата, потпишаа мировен договор минатиот ноември, ставајќи крај на двегодишниот конфликт во кој загинаа десетици илјади луѓе, а милиони беа раселени.

– Секретарот ја повтори американската поддршка за напорите на страните да постигнат целосна имплементација на договорот со цел да се постават темелите за одржлив мир – рече Прајс.

Тој нагласи дека средбата претставува реафирмација на важното партнерство меѓу САД и Етиопија, повторувајќи ја изјавата на Абиј по завршувањето на состанокот.

Спонзорирано: