21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белата куќа: Можеби никогаш нема да го извлечеме урнатиот дрон од Црното Море

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, Џон Кирби, во денешното интервју за Си-Ен-Ен изјави дека извидувачкиот воен дрон МК-9 Рипер не е извлечен од дното на Црното Море по вчерашниот инцидент, додавајќи дека е можно никогаш да не извлече.

„Не сум сигурен дека ќе успееме да го извлечеме. Морето е многу, многу длабоко на местото каде што падна. Сè уште се обидуваме да процениме дали е можно да направиме каква било операција, но можеби е невозможна мисија“, рече Кирби.

„Направивме се што можеме за да ја минимизираме вредноста на разузнавачките информации“, додаде тој.

Спонзорирано: