16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски се сретна со воениот врв, донесена одлука за Бахмут

„Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата воена команда се согласија да продолжат да го бранат Бахмут, град во источна Украина кој беше предмет на немилосрдни борби“, соопштија од кабинетот на претседателот.

По состанокот, на кој присуствуваа претседателот, главните владини претставници и воените команданти, од канцеларијата на Зеленски објавија соопштение за печатот: „По разгледувањето на одбранбената операција во насока на Бахмут, сите членови изразија заеднички став за продолжување на задржувањето и одбраната градот Бахмут“.

Русија смета дека заземањето на Бахмут би го отворило патот кон другите градови и на крајот заземање на целиот Донецк додека Украина продолжува да го брани тој град за да ја измори руската армија и да подготви контраофанзива.

Во понеделникот вечерта Зеленски рече дека иднината на Украина зависи од исходот на борбите на истокот на земјата, вклучително и околу Бахмут. Повеќемесечната битка за Бахмут се претвори во најкрвавата пешадиска битка во Европа од Втората светска војна.

Спонзорирано: