Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека иднината на неговата земја се решава во источна Украина, каде што борбите се многу тешки.
„Ситуацијата на исток е многу тешка и многу болна. Мораме да ја уништиме воената моќ на непријателот и ќе го сториме тоа“, рече Зеленски во своето ноќно видеообраќање.
Зеленски истакна дека сега се бори за иднината на Украина и на Украинците во Билогоривка, Маринка, Авдијивка, Бахмут, Вугледар и Камијанка, пренесе Си-ен-ен.
Украинскиот претседател рече дека им е благодарен на сите војници што ги ставија своите животи на првата линија во тие битки.
Зеленски им оддаде посебно признание на војниците на 92. механизирана бригада за нивните успешни операции во областа Бахмут.