15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
архива/илустрација
СВЕТ

Тешка трагедија во Канада: пикап удри во пешаци, има загинати и повредени

Две лица загинаа, а девет се повредени кога пикап удрил во пешаци во Амквај, Квебек. Возачот на пикапот ѝ се предал на полицијата по што бил уапсен.

Според информациите, се работи за 38-годишен локален жител.

Инспекторите сè уште се обидуваат да утврдат дали инцидентот бил намерен напад или несреќен случај, јавува Би-би-си.

Загинале двајца мажи на возраст од околу 60 и 70 години, а меѓу повредените има и деца.

Локалниот весник „Девоар“ ги пренесува зборовите на еден од очевидците дека видел како пикапот забрзува додека се приближува до пешаците на тротоарот. Портпаролката на полицијата во Квебек рече дека сè укажува на изолиран инцидент.

„Нема повеќе опасност во областа и има само еден осомничен“, рече таа.

Премиерот на Квебек, Франсоа Лего, го нарече инцидентот шокантен, а канадскиот премиер Џастин Трудо на „Твитер“ напиша дека неговото срце е со луѓето од Амкви.

Спонзорирано: