Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, преку „Телеграм“ реагира на изјавите на српскиот министер за економија дека постои можност Србија да воведе санкции кон Русија.
Засега ова е прва отворена изјава за санкции на владин функционер по инвазијата на Украина и отстапување од официјалниот став на Белград.
„Србија веќе плаќа висока цена што не воведува санкции против Русија и тоа станува неодржливо“, најави министерот.
Портпаролката на руското Министерство додаде дека Русија, за разлика од САД, отсекогаш ги почитувала Србија и нејзиниот народ.
Очигледно е дека со воведувањето санкции против Русија притисокот на САД врз Србија нема да исчезне, туку само ќе се зголеми“, напиша Захарова.