3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

И натаму се тресе: Нов прилично силен земјотрес во Турција

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција денеска во 17:49 часот по локално време.

Епицентарот е регистриран на 20 километри западно од градот Голбасија во провинцијата Адијаман, на длабочина од пет километри.

Земјотресот се случи додека Русија и Сирија се справуваат со последиците од разорните земјотреси од 6 февруари, во кои загинаа повеќе од 47.900 луѓе.

На веб-страницата на ЕМСЦ граѓаните на Турција известуваат дека „земјата многу се затресла“.

„Во Газиантеп се тресеше 10 секунди“, вели жител на овој град.

Се тресеше од 15 до 20 секунди“, пишува во друг коментар од Газиантеп.

Силно не потресе на петти кат“, „Силно и долго“, пишуваат други.

Спонзорирано: