7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Белата куќа по инцидентот: Продолжуваме со операциите над Црното Море

Белата куќа објави дека САД ќе ги продолжат операциите над Црното Море и нема да бидат спречени од руското пресретнување на беспилотно летало во меѓународниот воздушен простор.

– Ако пораката е дека сакаат да не одвратат од летање и дејствување во меѓународниот воздушен простор над Црното Море, тогаш таа порака нема да успее бидејќи нема да се случи – изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност.

Тој вели дека продолжуваат со активностите.

– Ќе продолжиме да летаме и оперираме во меѓународниот воздушен простор над меѓународните води. Црното Море не припаѓа на ниту еден народ. И ќе продолжиме да го правиме она што треба да го направиме за нашите национални безбедносни интереси во тој дел од светот – рече тој.

Тој тврди дека присуството на американски дронови во областа не е ново.

– Постојано летаме над тој воздушен простор веќе една година – рече тој, тврдејќи дека нема причина да ја информираме Москва пред да летаме над Црното Море – рече тој.

Спонзорирано: