Триесет и деветгодишниот М.Б. загинал откако активирал рачна бомба на влезот во Основниот суд во Подгорица, неофицијално дознава „Вијести“.
Според истите информации, во експлозијата на бомба се повредени пет лица, од кои едно потешко. Се претпоставува дека се работи за самоубиство.
Во моментот на експлозијата во судот имало голем број луѓе.
На терен се екипи на Брза помош, полиција и противпожарна единица.
Да потсетиме дека како и во Македонија, така и во Црна гора изминатиот период имаше серија лажни дојави за бомби со кои структури се обидуваат да ги срушат владите на прозападните земји.