15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Масовна тепачка во училиште во Америка уапсени 13 лица

Во средно училиште во американската држава Арканзас, дошло до масовна тепачка, поради што биле уапсени 13 ученици, а еден завршил во болница. Настанот сè случил во средното училиште „ Hall STEAM Magnet“ во Литл Рок.

Кога полицијата пристигнала на теренот, забележала дека има масовна тепачка а била предизвикана и материјална штета.

„Набргу потоа, полицајците извршија 13 апсења: едно за поттикнување и 12 за нарушување на јавниот ред. Едно лице со возило на брзата помош било пренесено во локална болница поради повреди“, изјавиле од полицијата.

Полицијата не кажа која е причината за тепачката ниту колку долго траела пред да можат да ја стават ситуацијата под контрола.

„Учениците кои учествуваат во тепачката ќе подлежат на дисциплинска казна според законот“, велат властите. Додаваат дека истрагата за инцидентот е во тек и дека ќе бидат објавени повеќе детали веднаш штом се достапни информации.

Спонзорирано: