Околу 130 луѓе беа евакуирани во трговската зона во Хонг Конг по пожарот во еден облакодер, соопшти полицијата, од каде се вели дека нема загинати лица.
Пожарникарите рано утрово го изгаснаа пожарот во облакодерот и околните објекти, а пламенот беше видлив и од другата страна на пристаништето.
Сведоците потврдија за британската агенција дека пожарот опфатил неколку од горните катови и дека пламенто се проширил и на соседните објекти.
Полицијата соопшти дека причината за пожарот сè уште е непозната.