20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Русија: Изненаден напад на наша територија, се слушаат експлозии и пукотници, Украинците држат заложници

Група украински диверзанти денеска упадна на територијата на областа Климовск во областа Брјанск во Русија, соопшти гувернерот Александар Богомаз.

Тие отвориле оган врз автомобил, при што убиле маж и раниле десетгодишно дете. Детето е префрлено во болница и му е укажана сета потребна помош.

Гувернерот додаде дека во областа се спроведуваат сите неопходни мерки за ликвидација на диверзантите.

Вооружените сили на Украина извршија уште еден напад врз областа Климовски. Во напад со дрон опожарена куќа во селото Сушани. Службите за итна помош се на терен.

Од минофрлачи било нападнато и селото Ломаковка во општинскиот округ Стародуб. Во нападот нема жртви, а оштетени се две домаќинства. Службите за итна помош се на терен.

Како што изјави за Спутник портпаролот на итната помош, неколку лица биле земени како заложници во селото Љубечане во областа Брјанск.

Спонзорирано: