23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
foto
СВЕТ

Исчезнаа во возот на смртта: неутешените родители молат за помош и стравуваат дека никогаш нема да ги најдат

Списокот на исчезнати во страшната железничка несреќа што се случи во Грција од час во час станува подолг.

Меѓу исчезнатите се и двајца млади од Кипар – Анастасија Адамиду (24), стоматолог и Кипријанос Папајоану. Анастасија била во третиот вагон на патничкиот воз и од полноќ на кобната вечер не разговарала со никого.

Таткото на младиот Папајоану вчера одржа молитва за нив во црквата каде што тој е свештеник.

Исчезната е студентката Агапи Чаклиду, а семејството ја бара.

Се трага и по Елисавет Хацивасилиу (26), која патувала со својата мачка.

Исчезнаа и Франческа Беза и Марти Псаропулу од Солун.

Во сударот на двата воза во Грција загинаа најмалку 43 лица, а околу 80 се повредени. Властите соопштија дека несреќата била предизвикана од човечка грешка, а шефот на станицата Лариса е уапсен и обвинет за убиство од небрежност.

Неутешените родители и пријатели апелираат до сите да помогнат во потрагата по своите најблиски, во моменти кога надежта дека тие за некое чудо преживеале – речиси и да ја нема.

Нивните фотографии сега го преплавија интернетот, па дури и сосема непознати ги споделуваат, пишува Newsbomb.

Инаку, се очекува во текот на денот да биде завршен проектот за ДНК идентификација на жртвите.

Кошмар за луѓето кои трагаат по исчезнато лице е фактот дека некои можеби никогаш нема да бидат пронајдени, бидејќи телата се стопиле поради високите температури настанати за време на судирот.

Спонзорирано: