3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Хаос на лет за Германија, седум лица се повредени

Седум лица се повредени поради силните турбуленции на летот на Луфтханза меѓу Остин и Франкфурт, јавуваат американските медиуми.

Според извештаите, авионот морал принудно да слета на аеродромот Дулс во предградието на Вашингтон, во 21:12 часот по локално време. Луфтханза сè уште не се огласила. Медиумите јавуваат дека повредените од тој лет се префрлени во болница.

Сепак, иако турбуленциите на летовите, особено на прекуокеанските, воопшто не се невообичаени, загрижувачка е прогнозата на експертите дека овие турбуленции ќе станат уште поопасни поради климатските промени.

„Извршивме некои компјутерски симулации и откривме дека тешките турбуленции би можеле да се удвојат или тројно во наредните децении“, рече тогаш Пол Вилијамс од Универзитетот во Ридинг во Велика Британија.