12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Интензитетот на борбите за Бахмут само се зголемува

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето редовно обраќање на социјалните мрежи рече дека интензитетот на борбите околу Бахмут, град на истокот на Украина, само се засилува.

Борбите за овој град траат веќе неколку месеци.

– Најголемите проблеми како и досега се во Бахмут. Русија воопшто не ги брои своите луѓе, туку постојано ги праќа да ги напаѓаат нашите позиции. Силата на борбата само се зголемува – рече Зеленски во вечерното обраќање.

Тој претходно изјави дека ситуацијата во Бахмут е „многу напната“.

Русија се обидува да ги прекине линиите за снабдување на бранителите на градот, кој е сцена на една од најжестоките битки во војната, со цел да ги принуди да се предадат или да се повлечат. Така, Русија би ја постигнала првата голема победа по повеќе од половина година, додека би се отворил патот за освојување на преостанатите урбани центри во Доњецката област.

Спонзорирано: