4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Видот на птичјиот грип од кој почина девојче еволуираше

Видот на птичји грип што уби 11-годишно девојче во Камбоџа еволуираше за подобро да ги инфицира човечките клетки, што е загрижувачки знак, предупредуваат научниците кои ја истражуваат ситуацијата на земјата.

Единаесетгодишно девојче почина минатата недела откако се зарази со птичји грип, Х5Н1, во село во провинцијата Преј Венг, Камбоџа. По дијагнозата, биле тестирани 12 нејзини контакти, но само нејзиниот татко бил позитивен на болеста, иако без симптоми, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Ова се првите пријавени случаи на птичји грип кај луѓето во Камбоџа во последните девет години, а сега научниците предупредија дека постојат некои индикации дека тој веќе се шири меѓу луѓето врз основа на нови мутации и дека тие треба да се третираат со најголема загриженост.

Експертот за нови болести, кој го предводеше тимот на Институтот Пастер во Камбоџа, Ерик Карлсон, кој ја декодираше генетската низа на вирусот на девојчето, предупреди дека тој е различен од оној земен од птиците.

– Има некои индикации дека овој вирус поминал низ луѓето. Секој пат кога овие вируси ќе влезат во нов домаќин, тие ќе претрпат одредени промени што ќе им овозможат малку подобро да се реплицираат или потенцијално малку подобро да се врзат за клетките во нашиот тракт.

– Ова беше зоонотично ширење и треба да се третира со најголема загриженост. Можеби нешто се случува овде во Камбоџа и на другата страна на светот во Јужна Америка, но навистина не знаеме што може да предизвика проблем утре – додаде тој.