23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Шефот на ФБИ: Причината за пандемијата веројатно е инцидент во кинеска лабораторија

Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, вчера изјави дека агенцијата проценила дека пандемијата на коронавирус најверојатно била предизвикана од инцидент во лабораторија во Вухан, Кина.

– ФБИ веќе извесно време проценува дека изворот на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент во Вухан – рече Вреј за Фокс њуз.

Неговата изјава уследи по неделниот извештај на Волстрит журнал според кој американското Министерство за енергетика процени со мала доверба дека пандемијата е предизвикана од случајно истекување на вирусот од кинеска лабораторија.

Некои агенции веруваат дека пандемијата е веројатно резултат на природен пренос, додека други се неодлучни, објави Журнал.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби во понеделникот рече дека американската влада нема конечен заклучок и консензус за потеклото на пандемијата.

Кинеското Министерство за надворешни работи се повика на извештајот на Светската здравствена организација и Кина, кој укажува на природно потекло на пандемијата, наместо на истекување од лабораторија.

Вреј рече дека не може да сподели многу детали за проценката на агенцијата бидејќи се работи за доверливи информации.

Тој ја обвини кинеската влада дека „прави се што може за да се обиде да ги попречи и замагли“ напорите на Соединетите држави и другите земји да дознаат повеќе за потеклото на пандемијата.

Спонзорирано: