10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија и Украина изразија сочувство за жртвите од страшната железничка несреќа во Грција

Русија и Украина изразија сочувство за железничката несреќа во Грција, во која досега загинаа најмалку 36 лица, а повеќе од 80 беа повредени, од кои некои се борат за животот.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,. Марија Захарова, изјави дека веста е примена со „длабока тага и болка“.

„Во овие тешки моменти изразуваме искрено сочувство до грчкиот народ, пред сè, до семејствата што ги загубија своите најблиски и роднини. На повредените им посакуваме брзо закрепнување“, рече Захарова.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, изрази сочувство со твит на грчки јазик. Народот на Украина ја споделува болката на семејствата на жртвите. На сите повредени им посакуваме брзо закрепнување“, напиша Зеленски.

Спонзорирано: