Ураган преврте камион кај Крижишќе во Хрватска, каде што снегот и силниот ветер со денови го отежнуваат сообраќајот на патиштата во Лика и Горски Котар.
Поради ниските температури, има голомразица на коловозите, особено на мостовите и надвозниците.
Неповолните временски услови во моментот ја оневозможуваат слободната рута за камиони со приколки и трактори со полуприколки од внатрешноста кон Далмација, Риека или Истра и обратно.
Лошото зимско време со ветрови и врнежи ќе продолжи и денес, па за подрачјето на Кварнер е издаден црвен, а за другите делови од Хрватска портокалов метео-аларм.