12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нема настрадани македонски државјани во железничката несреќа во Грција

Во врска со трагичната железничка несреќа, која синоќа се случи во Грција, македонското МНР соопшти дека досега не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените има македонски државјани.

Македонската амбасадата во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во комуникација со надлежните органи во Грција, од каде што се чека на официјални информации за состојбата во врска со трагичната несреќа.

„Министерството останува отворено за реакција на барање на наши државјани, на кои, поради какви било причини предизвикани од несреќата, им е потребна итна асистенција“, велат од МНР.

Контактите се отворени 24 часа, а на располагање се три телефонски броја на нашите дипломатски претставништва во Грција: +30 6655191321 во Атина; +30 6987200410 во Солун; како и СОС-телефонот на МНР во Скопје +38975273732.

Спонзорирано: