22.8 C
Скопје
25. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Близначки и нивна братучетка меѓу загинатите во Грција, ова им било прво патување со воз

Каламбака, град во Грција, е во жалост бидејќи три млади девојки, студентки, трагично загинаа во железничката несреќа што се случи во Темпи.

Станува збор за две сестри близначки и нивната прва братучетка, деца на познато семејство во околината, јавуваат грчките медиуми.

Информациите укажуваат дека се идентификувани и нивните тела. Како што е соопштено, тоа им било нивното прво патување со воз.

Досега животот во несреќата го загубија најмалку 36 лица, а властите стравуваат дека бројките може да растат.