Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека воената ситуација околу градот Бахмут станува се потешка.
Во ноќното видео обраќање Зеленски истакна дека ситуацијата околу Бахмут постојано се влошува и дека руските сили постојано уништуваат се што може да се искористи за зајакнување и одбрана на украинските сили.
„ Нашите војници кои ја бранат областа околу Бахмут се вистински херои“, рече Зеленски.
Бахмут, град во Донбас во источна Украина, е во фокусот на борбата со месеци, а од 70.000 жители кои живееле во Бахмут пред почетокот на војната, само 10.000 луѓе останале во градот.