9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Обвинети за силување оти без согласност на партнерките ги отстраниле кондомите за време на секс, мажите се судат во Холандија

Двајца мажи од Ротердам денеска ќе се појават пред суд под обвинение дека отстраниле кондоми за време на секс без знаење или согласност на нивните сексуални партнери.

На мажите, на возраст од 26 и 28 години, им се суди за силување во два одвоени случаи, објави NL Times.

Чинот е познат во Холандија под англискиот сленг „stealthing“ за што во Македонија нема израз, а по дефиниција значи: „практиката на вадење на кондомот за време на сексуален однос без знаење и согласност на партнерот, често се смета за сексуален напад или силување“.

Според портпаролот на државното обвинителство и судот во Дордрехт, вакви кривични предмети досега немало.

Тие се обвинети за силување, бидејќи во холандскиот кривичен законик, вадењето кондом без согласност не е дефинирано како посебно кривично дело.

Ако некој го извади кондомот при сексуален однос, без согласност на партнерот, направил сексуален прекршок, велат експертите.

Спонзорирано: