Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонијаТОП ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изврши груб атак против слободата на говорот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, влегува во лична пресметка и со клевети и закани се нафрли врз новинарот Дерала, инаку претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, организација за човекови права и слободи, се вели во соопштението на Цивил.

Во врска со текстот на интернет портал ИНДЕКС (index.mk), со наслов „Мицкоски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“, во објава на Фејсбук, Мицкоски го споменува, со име и презиме: „…медиумите блиски на ДУИ (лице вработено во кабинетот на Артан Груби) и СДСМ (Џабир Дерала) да ми се извинат за лагите кои ги објавија…“.

Тој во својата објава инсинуира, манипулира и им се заканува на медиумите и на Дерала, со што директно ја загрозува слободата на говорот и медиумските слободи.

Клеветите и дискредитацијата против нив се состои и во тоа што Мицкоски произволно ги етикетира и ги доведува споменатите медиуми во врска со политички партии, со што директно го напаѓа нивниот кредибилитет.

Ваквиот напад, кој доаѓа од највисоката позиција на моќна и многубројна политичка партија, самиот по себе, претставува закана, како по слободата на говорот, така и по безбедноста на новинарките и новинарите, во случајов, директно споменатиот Дерала, односно медиумите против кои тој пишува во објавата на социјалните мрежи.

Сè уште се свежи сеќавањата на газењето врз човековите права, слободата на говорот и медиумските слободи кое го вршеше истата партија за време на владеењето од 2006 до 2016 година. Ова треба да претставува аларм за целото општество. Не смееме да дозволиме медиумите да ја веднат главата пред режимскиот порив на Мицкоски или било кој друг политичар кој ќе се обиде да ја загрози слободата на говорот.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува новинарските здруженија, регулаторни и саморегулаторни тела, како и граѓански здруженија за заштита на човековите права и слободи, да го осудат и да го отфрлат ваквото непримерно однесување на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ЦИВИЛ ќе се обрати и до дипломатските претставништва и меѓународните организации и институции и ќе побара заштита на медиумите и новинарот Џабир Дерала од понатамошен јавен линч што го спроведуваат радикалните политички групи и партии во земјата и кој трае со години, а во овој случај, кон јавниот линч се придружи и самиот претседател на една парламентарна политичка парија, ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на CIVIL.

Новинската агенција Centar.mk најостро го осудува етикетирањето на медиуми и заканите со тужби за новинари и медиуми од страна на Христијан Мицкоски кои не се по мерка на раководството на ВМРО ДМПНЕ. Центар.мк бара од ЗНМ, ССНМ, Делегацијата на ЕУ во Македонија, Дипломатските претсавништва на пријателските земји на Македонија најостро да реагираат на обидот за цензура врз медиумите од страна на опозициониот лидер.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Сè повеќе студенти се подготвени да го напуштат факултетот за да го заштитат своето ментално здравје

Една нова анкета на Галуп објави дека 41 процент од студентите кои моментално се запишани на постсредно програма размислувале да се откажат од студиите во изминатите шест месеци. Овој број… Прочитај повеќе

Летно сметање на времето

Летното сметање на времето во 2023 година започнува на 26 март во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03… Прочитај повеќе

УСЈЕ се приклучи на глобалната иницијатива „Час на планетата земја 2023“

Повеќе од една деценија, Цементарница УСЈЕ е дел од глобалната иницијатива „Часот на планетата земја“. Во сабота, 25 март 2023 година, од 20:30 часот до 21:30 часот, УСЈЕ ќе ги… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе