12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во банани скриле речиси 9 тони кокаин: пратката била наменета за Белгија

Еквадорската полиција заплени 8,8 тони кокаин, кој бил скриен во контејнер со банани, а требало да биде испратен во Белгија, соопшти полицијата на пристанишниот град Гвајакил.

„Тоа е рекордна заплена во 2023 година, тоа е повеќе од осум тони кокаин“, напиша на „Твитер“ полицискиот командант, генерал Фаусто Салинас.

Како што истакна, еквадорската полиција спречила меѓународна продажба на 90 милиони пакети со дрога во вредност од 330 милиони долари во Европа, пишува „Брусел тајмс“ додавајќи дека командантот објавил видео на кое се гледа како полицијата го пребарува контејнерот.

Сместено меѓу Колумбија и Перу, каде што се произведува најмногу кокаин годишно, Еквадор имаше рекордна заплена на дрога наменета за европските пристаништа во 2021 година – околу 210 тони.

Во 2022 година заплените надминаа 200 тони, од кои 61 отсто беа скриени меѓу бананите наменети за извоз.

Од почетокот на 2023 година запленети се 31 тон. Минатата година белгиската царина пресретна пратки од речиси 110 тони кокаин во пристаништето Антверпен, што е првпат да се надмине границата од 100 тони.

Спонзорирано: