23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ужас: На гробишта силувал 15-годишно девојче, а блудничел и со ќерка си

Судот во Пула осуди 42-годишен маж од областа на Истра на единствена затворска казна од четири години и шест месеци за силување 15-годишна девојка и блуд со својата 5-годишна ќерка. Кон средината на февруари годинава беше испратен на издржување на казната.

Во пресудата е наведено дека пролетта 2017 година, на гробишта во место на Истра, свесен за чувствителноста на возраста на девојчето и искористувајќи ја нејзината доверба и татковската улога што ја нашле во него, тогаш како 37-годишен, и покрај нејзиното противење, извршил сексуален однос со неа. За ова тешко кривично дело против сексуалната слобода тој е осуден само на четири години затвор.

Тој е осуден на уште една година поради блудни дела врз сопствената ќерка.

Спонзорирано: