Украинскиот суд приведе двајца заробени припадници на руските сили обвинети за учество во руското гранатирање станбени области на истокот на Украина, соопшти денеска украинската служба за безбедност – СБУ.
СБУ во соопштението наведе дека еден од војниците е осуден на 10 години затвор, а другиот на 9 години затвор.
Не беше наведено како се изјасниле и кога биле осудени, но се вели дека и двајцата се бореле во источна Украина и биле заробени минатата година.