9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицаец уби колега во Австрија

Австриски полицаец (58) загинал кога бил застрелан од 46-годишен колега, соопштија денеска австриските власти.

Инцидентот се случил за време на утринскиот состанок во полициската станица во Трибен, во централна Австрија, се наведува во соопштението на полицијата на провинцијата Штаерска.

Полицаецот бил уапсен како осомничен, а обидите да се спаси животот на другиот полицаец биле неуспешни.

Полицијата не соопштува детали за тоа што се случило и зошто.

Спонзорирано: