12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина остро ги осуди САД: Ова што го правите е чисто малтретирање

Кина остро ги осуди американските санкции за кинеските компании, кои наводно ѝ дале сателитски снимки од Украина на групата „Вагнер“ опишувајќи ги како нелегални и обвинувајќи ги САД за „отворено малтретирање и двојни стандарди“.

Санкциите „немаат основа во меѓународното право или одобрување на Советот за безбедност и се типични за нелегални еднострани санкции“, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нин.

„Мерките сериозно им наштетија на интересите на Кина. Кина силно го отфрла и осудува ова и упати сериозни жалби до американската страна“, рече Мао.

Да потсетиме, САД ја санкционираа кинеската компанија „Спејсити Чајна“ поради обезбедување сателитски снимки од Украина на групата „Вагнер“ за Русија

Спонзорирано: