15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шојгу: Русија ќе ја оддалечи заканата од границите во зависност од дострелот на оружјето на Киев

Колку Русија ќе биде принудена да ја турка западната закана подалеку од нејзините граници, ќе зависи од тоа каков вид на оружје ќе и биде доставен на Украина, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Тоа ќе зависи од оружјето што ќе му биде дадено на Киев“, изјави Шојгу во програмата „Москва. Кремљ. Путин“ на телевизијата „Русија 1“.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави, за време на неговото обраќање пред Федералното собрание на 21 февруари, дека испораката на западни системи со долг дострел во Украина ќе ја принуди Русија да ја оддалечи заканата подалеку од нејзините граници.

Спонзорирано: