5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Путин: Мора да ги земеме предвид нуклеарните капацитети на НАТО

Во говорот на државната телевизија, рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија нема друг избор освен да ги земе предвид нуклеарните капацитети на НАТО.

Тој вели дека НАТО, предводен од Соединетите Американски Држави, имал за цел да ја победи Русија.

– Кога сите водечки земји на НАТО ја прогласија својата главна цел да ни нанесат стратешки пораз, да го натераме нашиот народ да страда како што велат, како можеме да ги игнорираме нивните нуклеарни капацитети во овие услови – рече Путин, пренесува ТАСС.

Путин го обвини Западот дека сака да ја ликвидира Русија, наведувајќи дека Западот има една цел – да го распушти поранешниот Советски Сојуз и неговиот фундаментален дел – Русија.

Спонзорирано: