20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
ТЕМАСВЕТ

Извештај испратен до Белата куќа: Пандемијата на коронавирус веројатно предизвикана од истекување на вирус од лабораторија?

Министерството за енергетика на САД заклучи дека пандемијата на коронавирус најверојатно била предизвикана од истекување на вирус од лабораторија, според доверливиот разузнавачки извештај доставен до Белата куќа и до клучните членови на Конгресот.

Ваквиот пресврт во ставот на Министерството, кое претходно немаше дециден став по прашањето за појавата на коронавирусот, е забележлив во ревизијата на документот на директорот на Националната разузнавачка агенција, „Волстрит журнал“

Како што известува овој WSJ, нов извештај покажува дека различни делови од разузнавачката заедница имаат различни мислења за потеклото на пандемијата.

Сега Министерството за енергетика се приклучи на ФБИ, кое претходно тврдеше дека вирусот најверојатно се проширил случајно од лабораторија во Кина.

Четири други агенции сè уште веруваат дека тоа е резултат на природен пренос, а две агенции се неодлучни.

Заклучокот на Министерството за енергетика е резултат на нови разузнавачки информации и е значаен бидејќи агенцијата има завидна научна експертиза и ја надгледува мрежата на американски национални лаборатории, од кои некои спроведуваат напредни биолошки истражувања.

ФБИ претходно заклучи дека пандемијата најверојатно е предизвикана од истекување од лабораторија.

„И покрај различните анализи, агенциите се согласуваат дека пандемијата на коронавирус не е резултат на кинеската програма за биолошко оружје“, велат извори запознаени со ревидираниот извештај.

За потсетување, коронавирусот првпат се појави во Вухан, Кина, во ноември 2019 година.

Спонзорирано: