13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Facebook
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Макрон ја повика Кина да помогне во притисокот врз Русија да постигне мир

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го повика Пекинг да помогне во притисокот врз Русија да ја „запре агресијата“ во Украина и да постигне мир.

Тој најави дека ќе замине во Кина на почетокот на април, при посетата на саемот за земјоделство, објави француската ТВ БФМ.

„Денес Кина мора да ни помогне да извршиме притисок врз Русија никогаш да не користи хемиско или нуклеарно оружје и да ја прекине оваа агресија“, посочи тој.

Францускиот претседател изјави дека мирот „е возможен само ако се запре руската агресија, се повлечат војниците и се почитува територијалниот суверенитет и украинскиот народ“.

„Фактот дека Кина се ангажира во мировните напори е апсолутно добар“, рече Макрон, еден ден откако Кина објави документ во кој повикува на мировни преговори и политичко решение.

Спонзорирано: