3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото official fan page of Boris Johnson/ www.facebook.com/borisjohnson/
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Џонсон: Ако победи Русија, загрозена е и Британија, мора да испратиме борбени авиони

Поранешниот премиер на Обединетото Кралство Борис Џонсон предупреди дека безбедноста на Велика Британија може да биде загрозена доколку Украина ја загуби војната со Русија.

Во интервју за ,,Скај Њуз”, во пресрет на првата годишнина од војната, Џонсон рече дека Обединетото Кралство треба да го скрши мразот и да стане првата земја што испорачува борбени авиони на Украина.

„Украина сака Ф-16. Ние ги немаме, но имаме тајфуни. Мислам дека Британија треба да го скрши мразот и да испрати тајфуни во Киев. Ако Русија победи, Путин би можел да ги загрози балтичките држави, а безбедноста на Обединетото Кралство би можела да биде загрозена“, рече Џонсон.

Поранешниот британски премиер ја коментираше и ситуацијата со Кина и изјави дека Пекинг ќе направи „историска грешка“ доколку ја снабди Москва со оружје.

Тој додаде дека е многу загрижен поради вчерашната средба меѓу кинескиот врвен дипломат Ванг Ји и Владимир Путин.

Во интервјуто Џонсон го нарече Путин гангстер и рече дека подоцна може да им се заканува на другите земји.

„Влогот е многу голем. Тој може да им се закани на сите делови од поранешната советска империја што сака да ги заплаши. Ова е апсолутно критичен момент за целиот свет“, рече тој,пренесе Индекс.хр.