Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarСветТОП ВЕСТИ

Силен земјотрес од 7,1 степени го погоди Таџикистан (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од околу 7,1 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според ЕМСЦ, земјотресот е регистриран околу 08:37 часот по локално време, на длабочина од десет километри.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 82 километри од најблиската граница со Кина. Силно се почувствува во Кашгар и Артукс во западниот дел на регионот Ксинџијанг.