3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

„Подготвени сме за руските закани, не сме сами“- Молдавија за пораката од Кремљ

Денеска Молдавија ги отфрли тврдењата на руското Министерство за одбрана дека Украина планира напад врз отцепениот молдавски регион Придњестровје и повика на деескалација на тензиите.

Министерството за одбрана на Русија денеска ја обвини Украина дека планира вооружена провокација во самопрогласениот регион Молдавија и објави дека Киев има намера да спроведе „операција со лажно знаме“, наводен напад на руските сили од Придњестровје, пренесе РИА Новости.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Галузин тврди дека Западот и наредил на владата на Молдавија да ја прекине секоја комуникација со сепаратистичките власти во Придњестровје

Молдавската влада објави соопштение на „Телеграм“ во кое се прецизира дека државните власти не ги потврдуваат тврдењата на руското Министерство за одбрана.

„Повикуваме на смиреност и информирање на јавноста од официјални и кредибилни извори на Република Молдавија. Нашите институции соработуваат со странски партнери, а во случај на закани за државата, јавноста ќе биде навремено информирана“, се вели во соопштението.

Молдавскиот министер за надворешни работи Нико Попеску во средата изјави за Ројтерс дека поранешната советска република, која граничи не само со Украина, туку и со Романија, членка на НАТО, е подготвена за целиот опсег на закани од Русија.

„Се разбира дека имаме ограничени ресурси, но во исто време не сме сами во ова“, рече тој.

Молдавската претседателка Маја Санду ја обвини Русија претходно овој месец дека планира државен удар за да ја собори владата и да го вовлече Придњестровје во нејзината војна во Украина.

Регионот прогласи независност во 1990 година, една година пред распадот на Советскиот Сојуз, од страв дека Молдавија ќе се обедини со Романија, чиј јазик и култура во голема мера го дели.

По кратката војна на Молдавија со сепаратистите во 1992 година, немаше насилство во изминатите 30 години, а руските „мировници“ сè уште се распоредени на малата територија, која нема меѓународно признавање.

Спонзорирано: