Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Почина командантот на Азов: Вака изгледаше по шест месеци руско заробеништво

Загина командантот на првиот баталјон на единицата Азов, Олех Мудрак. Оваа информација на Инстаграм ја потврди неговиот братучед Данило.

Олех Мудрак помина шест месеци во руско заробеништво и ја преживеа експлозијата во логорот Оленивка за заробеници, пишува Украинска правда. Тој беше ослободен од руско заробеништво во септември минатата година. Неговиот роднина не ја откри причината за смртта.

Олех Мудрак го бранеше Мариупол уште во 2014 година, а учествуваше и во жестоки битки за фабриката за челик Азовстал по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година. Тој беше заробен од руските сили откако украинските сили го напуштија Азовстал и се вратија во Украина во септември како дел од размената на затвореници.

Тоа беше голема размена во која украинскиот опозициски политичар Виктор Медведчук, ориентиран кон Кремљ, беше разменет за 200 украински затвореници.

– Прво ни беше понудено да вратиме 50 наши луѓе во замена за еден од оние во притворот на Службата за безбедност на Украина. Ние разговаравме. Ние инсистиравме. Бројката од 50 е зголемена на 200 – изјави тогаш Зеленски.

Да потсетиме, припадниците на единицата Азов и другите единици се предадоа во мај минатата година, откако повеќе од два месеци ја држеа својата позиција во огромната фабрика за челик Азовстал и го бранеа Мариупол, важен пристанишен град на југот на Украина. Рускиот режим ја искористи единицата Азов поради нејзините врски со екстремната десница како едно од оправдувањата за започнување на инвазијата на Украина.

Веста за смртта на Мудрак на Твитер ја објави Антон Герашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи. Заедно со изразувањето на сочувство, тој прикачи и фотографија на која е прикажан Мудрак пред и по руското заробеништво.

Пред неколку дена Украина објави дека 100 украински војници и еден цивил биле вратени во Украина како дел од размената на затвореници со Русија.

– Продолжуваме да ги враќаме Украинците од заробеништво. Денеска, сто наши војници и еден цивил си одат дома – напиша шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак во објава на Телеграм.

Координативниот штаб за справување со воените заробеници во Киев соопшти дека го ослободил цивилот Иван Самоидиук, првиот заменик градоначалник на Енерходар, кој бил во заробеништво 333 дена. Јермак додаде дека 94 ослободени војници се „бранители на Мариупол“, вклучително и 63 војници кои се бореле во фабриката за челик Азовстал.

– Нивните семејства ги чекаа толку долго. Многу од хероите добија повреди со различна тежина. Продолжуваме со нашата работа и благодарен сум на тимот и на Координативниот штаб за справувањето со воените заробеници. Се ќе вратиме дома – додаде Јермак.

Координативниот штаб за справување со воени затвореници во Киев, исто така, истакна дека многу од ослободените војници се ранети. Овојпат сите што беа ослободени со размената се војници и наредници, се вели во соопштението на Координативниот штаб.

Дури 46 ослободени војници припаѓаат на украинската морнарица, 29 на Државната гранична служба, 12 на Националната гарда, осум на вооружените сили на Украина и пет на територијалната одбрана. Русија денеска објави и дека 101 заробен војник се вратени во Русија во размена со Украина.

Според Министерството, отпуштените војници биле пренесени во Москва „на лекување и рехабилитација во медицинските установи на руското Министерство за одбрана“.

– На сите ослободени им е укажана потребната медицинска и психолошка помош – се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Едни ќе треба да штедат, други се пред големи потези кои ќе им донесат пари – Кои знаци ќе имаат финансиски придобивки во април?

Овен (21.03 – 19.04): Овој месец можеби ќе треба да донесете некои важни финансиски одлуки. Одвојте време внимателно да ги оцените вашите опции пред да направите големи инвестиции. Бик (20.04… Прочитај повеќе

Величковски: Вучиќ и Курти за две минути би решиле прашање како тоа за внесувањето на Бугарите во Уставот

Поранешниот пратеник Ивон Величковски, во интервју со Васко Ефтов изјави дека “ние денеска не можеме да разбереме дека со преговорите меѓу Србија и Косово во Охрид ни беше дадена можност… Прочитај повеќе

Продолжи кампањата „МВР за граѓаните“ – Преку партнерство меѓу полицијата и заедницата до зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење

Во текот на денешниот ден Министерството за внатрешни работи преку претставници од Македонскиот полициски синдикат и секторите за внатрешни работи со своите оддели за превенција продолжија со активности во врска… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе