21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нови 31 милион долари од САД за модернизација на македонската армија

Со нови 31 милион долари финансиска поддршка Соединетите Американски Држави продолжуваат да го поддржуваат процесот на модернизација и опремување на Армијата во согласност со највисоките стандарди на Алијансата.

Од Министерството за одбрана велат дека овој финансиски пакет следува по минатогодишната поддршка за модернизација и опремување во вредност од 106 милиони долари, што е доказ за силните одбранбени врски помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави како сојузници во НАТО.

Од почетокот на одбранбената соработка до 2022 година САД го поддржаа развојот на одбраната и Армијата со 160 милиони долари, а само во последната година Северна Македонија доби дополнителни 137 милиони долари американска поддршка.

Спонзорирано: