13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина до Америка: „Вие сте најголемиот производител на војни“!

Нема ништо за што да се грижите во односите меѓу Русија и Кина, изјави на брифинг портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, пренесуваат медиумите во регионот.

„Руско-кинеските односи се градат врз принципите на неврзување, неконфронтација и ненапаѓање кон трети земји. Ова е позитивен фактор за одржување на мирот и стабилноста во светот, нема причина за загриженост. Она што навистина треба да предизвика загриженост е деструктивната улога на САД за мирот и стабилноста во светот“, рече Ванг Венбин одговарајќи на барањето на новинарот да ја коментира загриженоста на Стејт департментот за соработката меѓу Кина и Русија.

Дипломатот додаде дека САД се најголемиот светски производител на војни и дека во својата историја долга повеќе од 240 години оваа земја не учествувала во војни само 16 години.

Претходно, Ванг Ји, шефот на Канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, ја посети Москва и се сретна со претседателот на Русија, Владимир Путин, министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, и со секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.

Спонзорирано: