Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Европската комисија им забрани на вработените да користат „Tик-тoк“

Европската комисија му забрани на персоналот да ја користи кинеската апликација „Тик-ток“ од безбедносни причини по најновиот пример на растечките тензии меѓу Пекинг и Западот, јавуваат медиумите во регионот.

Западните влади, според написите, се вознемирени од доказите дека кинеските технолошки компании им помагаат на Комунистичката партија и нејзините разузнавачки служби да собираат огромни количини нподатоци од светот – со посебен фокус на високи политички и безбедносни цели.

Висок функционер изјави за „Политико“ дека во четвртокот наутро на целиот персонал му е наредено да го отстранат „Tик-ток“ од своите официјални уреди, но и од личните уреди доколку на нив има инсталирано апликации поврзани со работата.

Членовите на персоналот мора да ги избришат деловните апликации од воите приватни уреди доколку инсистираат да го задржат „Tик-тoк“.

Другите институции на Европската Унија, вклучително и Советот и Парламентот, веројатно ќе го следат примерот во забраната на кинеската апликација, иако може да потрае многу подолго за Европскиот парламент да спроведе таква политика.

Забраната, најверојатно, ќе биде јавно објавена на редовниот пладневен брифинг на Комисијата, стои во написите. Соединетите Американски Држави веќе го забранија „Тик-ток“ на многу владини уреди, а Холандија размислува за забрана.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Едни ќе треба да штедат, други се пред големи потези кои ќе им донесат пари – Кои знаци ќе имаат финансиски придобивки во април?

Овен (21.03 – 19.04): Овој месец можеби ќе треба да донесете некои важни финансиски одлуки. Одвојте време внимателно да ги оцените вашите опции пред да направите големи инвестиции. Бик (20.04… Прочитај повеќе

Величковски: Вучиќ и Курти за две минути би решиле прашање како тоа за внесувањето на Бугарите во Уставот

Поранешниот пратеник Ивон Величковски, во интервју со Васко Ефтов изјави дека “ние денеска не можеме да разбереме дека со преговорите меѓу Србија и Косово во Охрид ни беше дадена можност… Прочитај повеќе

Продолжи кампањата „МВР за граѓаните“ – Преку партнерство меѓу полицијата и заедницата до зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење

Во текот на денешниот ден Министерството за внатрешни работи преку претставници од Македонскиот полициски синдикат и секторите за внатрешни работи со своите оддели за превенција продолжија со активности во врска… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе